Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје за продолжување на притворот на Стојанче Јовановски.
Истиот му е продолжен за уште осум дена за истите основи – опасност од бегство и повторување на делото.
-Обвинителството продолжува да прибира докази за овој комплексен настан, па поради опасноста од бегство на осомничениот, можноста за влијание врз сведоци и вештаци и веројатноста тој повторно да врши кривични дела, надлежниот јавен обвинител оценува дека притворската мерка е неопходна за негово обезбедување во текот на постапката, велат од Обвинителството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Унсплеш














