(Видео) Италијанска државјанка евакуирана со хеликоптер, скршила нога на непристапен терен на Шар Планина

Денеска полициски службеници од хеликоптерската единица за полициски работи заедно со САЕ Тигар успешно спасија и евакуираа повредено лице од падините на Шар Планина, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Имено, по добиен повик во претпладневните часови, тим од хеликоптерската единица веднаш полета со тим од САЕ Тигар и успешно го презема повреденото лице, италијанска државјанка, во тешки услови од непристапен терен.

Повреденото лице успешно беше транспортирано до Клинички центар „Мајка Тереза” за укажување на помош,“ велат од МВР.

Според информациите од Центарот за управување со кризи, планинарката скршила нога во близина на Доброшки Езера.

Видеото ОВДЕ.

Фото: Национален парк Попова Шапка


Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести