Организаторите на Осмомартовскиот марш „Нема да не снема“, оценија дека вчерашниот протест бил најмасовен до сега.
„Ви благодариме од срце на сите кои вчера марширавте низ Скопје. Благодарение на вас 8 март 2026 ќе остане запомнет како најмасовниот женски протест во исторјата на земјата. Не застануваме, не забораваме, борбата продолжува секој ден,“ велат организаторите.
На протестот беше порачано дека гневот нема да помине се додека жената не ја добие вистинската институционална заштита од родово базирано насилство, навремено постапување во такви случаи и брзо казнување на злосторниците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: еМагазин













