(Фото) Евакуирана третата група македонски државјани од Блискиот Исток

Синоќа на Меѓународниот аеродром во Приштина, Косово, пристигна третиот организиран лет со патници од Македонија кои беа евакуирани од Катар, Кувајт, Саудиска Арабија и Бахреин.

Тие претходно со организиран превоз беа транспортирани до Ријад, Саудиска Арабија.

Како што информираа од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) во авионот имало 151 патници, од кои 109 се македонски државјани.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести