Саемот на мебел годинава ќе се одржи од 25 до 29. март

Саемот на мебел 2026 и годинава ќе ги обедини производителите, дистрибутерите и брендовите од индустријата, носејќи нови идеи и можности за сите љубители на уредувањето на домот.

Под мотото „Инспирација за секој дом“, од 25 до 29. март во комплексот „Борис Трајковски“, посетителите ќе можат да изберат и купат мебел од најновите колекции, современи решенија за ентериер, декоративни елементи и иновативни материјали за домување, канцеларии и јавни простори.

Дополнително, сето тоа ќе биде достапно по специјални саемски попусти, а на својот штанд Комерцијална банка ќе им понуди на посетителите атрактивна кредитна понуда и финансиски олеснувања, вклучително и можности за потрошувачко кредитирање, овозможувајќи полесно реализирање на нивните планови за уредување на домот или избор на идеален мебел.

Посетителите ќе имаат можност и директно да се информираат за условите, да добијат совет и да се запознаат со финансиските решенија што банката ги нуди за опремување и уредување на домот.

Новитет на ова саемско издание се модуларните и монтажните решенија за домување, кои сè повеќе го привлекуваат вниманието како брза, функционална и економична алтернатива за современи домови или викенд-простори. На саемот ќе бидат претставени различни модели и концепти, со информации за изведба, рокови и можности за персонализација, како и совети за оптимално организирање на просторот.

Посетителите ќе можат директно да разговараат со претставници на брендовите, да добијат совет за избор и да направат нарачки по поволни саемски услови, кои ќе важат за време на петте саемски дена.

Со оваа интегрирана понуда – широк избор на производи за домот, значителни саемски попусти и достапна кредитна поддршка – Саемот на мебел 2026 претставува одлична можност инспирацијата лесно да премине во реализација.

Работното време на Саемот е секој ден од 10:00 до 20:00 часот, а во недела на 29ти март од 10.00 до 17.00 часот, овозможувајќи им на посетителите доволно време да ги разгледаат изложбените штандови, да се консултираат со експерти и да ги искористат специјалните саемски понуди и попусти.

Влезницата изнесува 150 денари, а секоја купена влезница носи дополнителна вредност – ваучер за гратис кафе од Saccaria, за сите посетители да можат да уживаат во пауза со вкус на италијанско кафе, во рамки на саемската атмосфера.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести