Маж на возраст од 65 години е загинатиот во сообраќајната несреќа која се случи вчера на патот Кочани – Виница, во атар на Виница.
Станува збор за З.П. од виничкото село Истибања, кој како што информираа од полицијата со возило „мазда“ се судрил со возило „фолксваген туран“, кое го управувал Ј.Т. (59) од Штип, кој се здобил со телесни повреди.
Повредени се и сопатниците во двете возил Г.Д. (65) од Штип и Ж.П. (58) од Истибања.
Телото на починатиот е дадено на обдукција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Едно лице загина, а неколку се повредени на патот Кочани-Виница
Фото: Унсплеш













