Поднесено обвинение за поранешниот државен правобранител Фехми Стафа

По спроведена сеопфатна истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднел обвинителен акт против поранешниот државен правобранител Фехми Стафа за кривичното дело – Примање награда за противзаконито влијание, предвидено и казниво согласно Кривичниот законик, информираа од Обвинителството.

Според обвинителниот акт, тој во периодот од октомври до 13. декември 2025 година, со намера да прибави противправна имотна корист, примил вкупен износ од 50.000 евра за да посредува и да го искористи своето реално влијание со цел да интервенира кај судија во Апелациониот суд Скопје и преку давање поткуп да влијае за да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши.

-Имајќи ги предвид неизменетите околности врз основа на кои на обвинетиот му беше определена мерката, надлежниот јавниот обвинител со обвинителниот акт достави и предлог за продолжување на истата, велат од таму.

Стафа зел поткуп за издејствува укинување на притворот за Љупчо Пецов-Ѓаволот, во случајот „Синџир“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови 30 дена притвор за Фехми Стафа, поранешниот државен правобранител

Стафа зел поткуп за да издејствува укинување на притворот за Љупчо Пецов-Ѓаволот

Кој е Фехми Стафа, поранешниот државен правобранител, кој заврши во притвор за потпкуп од 50 илјади евра

Фото: Државно правобранителство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести