Илија Циривири и Мартин Пејовски испишаа историја за македонскиот алпинизам

Алпинистите Илија Циривири од Алпинистички клуб Матка и Мартин Пејоски од Алпинистички клуб Патагонија од Охрид, вчера на 23. март испишаа историја за македонскиот алпинизам.

Како што информираше претседателот на Македонската алпинистичка федерација Костантин Циривири, високо над Шамони, во срцето на Алпите, ја искачија епската насока „Supercouloir“.

„Линија што не е само технички предизвик, туку и тест на карактер, визија и храброст. Насока која што за првпат е искачена во 1975 година од легендите Jean Marc Boivin и Patrick Gabarrou. Ова не е „само“ уште едно искачување. Ова е порака. Порака дека алпинизмот не се мери во метри, туку во вредности. Не во фотографии, туку во одлуки донесени таму каде што нема публика. Не во висина, туку во длабочината на умот и духот.

Со ова искачување, Ико и Мартин покажаа дека македонскиот алпинизам созрева и дека влегува во нова фаза, каде што амбицијата е придружена со разбирање, а техниката со став. Покажаа дека и од тука, од Македонија, можат да излезат алпинисти кои не само што ги следат светските вредности, туку ги живеат,“ вели Циривири.

Антонио Додевски, професионалниот водич во планина и волонтер во Планинската спасителна служба при Црвен Крст Охрид вели дека со оваа наврска, Ико и Мартин докажа дека Македонија има капацитет за реален алпинизам по највисоки светски критериуми.

По престојот во бивак под насоката, денеска македонските алпинисти треба да се спуштат со скии по Мер де Глас, суперкулоар во должина од 1.000 метри на над 4.000 метри надморска височина во зимски услови.

Фото: Фејсбук/Циривири

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести