Општина Кочани барала на „Пулс“ да не му се издава лиценца, а Министерството за економија не и одговорило дали т.н. дискотека ја добила, кажа градежен инспектор

На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани, сведочеше сведокот на Основното јавно обвинителство, Драги Илиевски, раководител на Одделението за уредување на градежно земјиште.

Во своето сведочење тој меѓу друго кажа дека Општината Кочани на 3. октомври 2012 година, дала позитивно известување на барањето на првообвинетиот во случајот, Дејан Јованов Деко, од Класик ДМ ДООЕЛ Кочани, за користење на јавните паркиралишта во таа зона, но подоцна истото било повлечено откако во Општината дознале дека во објектот ќе се отвара дискотека, а истиот се наоѓал во зоната Г2, наменета за лесна и незагадувачка индустрија.

Тој кажа и дека Општина Кочани се обратила и до државните институции за да спречи отворање на ноќен клуб во индустриска зона.

Според него тогашниот градоначалник на Општина Кочани, обвинетиот Ратко Димитровски, побарал информација од Министерството за економија дали за компанијата е издадена лиценца, а откако не добиле одговор, било испратено директно барање и до Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

Од Министерството не одговориле, па Илевски му пишал на тогашниот директор на ДПИ, да не и издава лиценца на т.н. дискотека, бидејќи Општината го поништила решението за паркинг место.

На прашањето дали Општината некогаш извршила инспекциски надзор или други други дејствија откако т.н. дискотека почнала со работа, тој рече дека неговиот сектор нема такви надлежности.

Потврди како што е веќе познато дека објектот бил изграден со техничка документација за лесна индустрија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Пулс“ не била во општинскиот регистар, кажа сведок на денешното рочиште

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести