(Видео) Нова песна на Љубојна во дует со Бранислав Николов – “Врати ми ја тишината“

Еден од најзначајните македонски музички брендови, Љубојна годинава прославува јубилејни 25 години постоење со голем концерт кој ќе се одржи на 29. март во македонската Филхармонија, а во пресрет на концертот, групата ја претстави својата нова песна – „Врати ми ја Тишината“, во дует со Бранислав Николов.

„Врати ми ја тишината“ е инспирирана од музичката тема „Танго за тројца“ во соработка и дружба со Фолтин.

Видеоклипот е документиран во живо на сесиите во Studio Wave и во „Театар Комедија“.

Музиката и аранжманот се на Оливер Јосифовски, а текстот е на Сашо Димоски.

Вокалната изведба е дует на Вера Милошевска-Јосифовска и Бранислав Николов, а музичарите се: Оливер Јосифовски (акустична и бас гитара), Бојан Петков (укулеле) и Александар Секуловски (удиралки).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести