За да имате увид во состојбата на индивидуалната пензиска сметка, потребно е да ги ажурирате податоците

Со цел поголема транспарентност и континуиран увид во пензиските заштеди, пензиските друштва во Македонија еднаш годишно доставуваат извештаи до своите членови и пензионирани членови, информираат од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС).

Овие извештаи содржат детални информации за состојбата на индивидуалната пензиска сметка, доброволната индивидуална сметка, професионалната сметка, инвестициското портфолио.

„Извештаите се доставуваат во т.н. „зелен плик“, и ги опфаќаат податоците за претходната календарска година. Согласно регулативата, доставата се врши најдоцна до 31. март во тековната година.

За да го добиете вашиот „зелен плик“ навремено и на точна адреса, од особена важност е да ги проверите и ажурирате вашите лични податоци и да пријавите евентуална промена на адреса или контакт информации. Ова е особено значајно за членовите на вториот и третиот пензиски столб.

Редовното следење на пензиските заштеди ви овозможува подобро планирање на вашата финансиска иднина и поголема сигурност и контрола врз вашите средства,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести