Нето надворешниот долг на Македонија 4.5 милијарди евра

Податоците на Народната банка покажуваат дека на 31.12.2025 година, нето надворешниот долг на Македонија изнесувал 4.586 милиони евра или 27,1% од бруто-домашниот производ (БДП).

Нето надворешниот долг во тој период е зголемен за 102 милиона евра, или за 2,3%.

Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 71%.

Во текот на четвртиот квартал од 2025 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 25 милиони евра и изнесува 8.750 милиони евра, што претставува 51,6% од БДП за 2025 година.

Повеќе детали ОВДЕ.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести