На вториот канал на националниот сервис МРТ, на 28. март во снимка од детски фестивал 13-годишно девојче пееше за „голема Албанија“.
Станува збор за песната Trojet shqiptare“ („Албански простори/земји“) во која со текст и визуелно се повикува на обеднување на Албанците во една држава, на штета на териториите на соседните земји – Македонија, Србија, Грција и Црна Гора.
Очекувано снимката која се споделуваше на социјалните мрежи и во медиумите предизвика бура од негативни реакции, а директорот на МРТ, Марјан Цветковски, за порталот Скопје 1, кој прв ја објави информацијата, изјави дека телевизијата веќе постапувала за случајот и дека ќе се утврдувала одговорност.
Прашањето како што најавува тој, ќе било отворено утре на седница на Програмскиот совет на МРТ.
Фото/видео: Скопје 1













