„Фич“: Кредибилните и конзистентни макроекономски политики ја одржуваат стабилноста на денарот

„Кредибилните и конзистентни макроекономски политики се поддршка за стабилноста на девизниот курс на денарот и се фактори за одржување на кредитниот рејтинг на нашата земја“. Ова се посочува во најновиот извештај на Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“, во кој рејтингот на земјава повторно е потврден на нивото „ББ+“, информираат од Народната банка.

-Во извештајот се посочува дека измените што ги направи Народната банка во декември минатата година, во однос на промената на монетарната рамка, ќе придонесат за поефикасно пренесување на монетарните сигнали.

Во извештајот на Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ се наведува дека девизните резерви, во јануари 2026 година, се зголемиле за речиси 14% на месечно ниво и се доволни за да покријат околу 5,1 месец од обврските за плаќања кон странство. „Фич“ оценува дека нивото на девизните резерви е соодветно за одржување на стабилноста на домашната валута.

Агенцијата посочува дека инфлацијата покажа тренд на намалување на почетокот на 2026 година. За наредниот период се очекува дека таа ќе се задржи на умерено ниво, со привремено благо зголемување под влијание на светските фактори, а потоа повторно ќе се стабилизира во 2027 година, како резултат на кредибилните и конзистентни макроекономски политики, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Потврдени кредитните рејтинзи на Македонија од „Стандард и Пурс“ и „Фич“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести