Унипласт го промовираше новиот чамец Stia 580, дел од брендот на компанијата – УниМар.
Во наутичката индустрија оваа компанија работи од 2003 година. Произведува чамци за европските пазари, меѓу кои Холандија и Италија.
По повеќе од две децении искуство и развој, компанијата направи значаен исчекор – основаше сопствен бренд и отвори специјализиран производствен погон, посветен исклучиво на пловни објекти.
Моделот Stia 580 е чамец кој е целосно осмислен, проектиран и произведен од домашен тим експерти.
Овој модел се издвојува по своето иновативно тримаранско корито, кое овозможува исклучителна стабилност, економично глисирање и високо ниво на удобност и простор во својата класа.
„Нашата цел беше да создадеме чамец што нема да личи на ниту еден друг – препознатлив по својот карактер, решенија и доживување на вода. Stia е нашиот потпис,“ велат сопствениците.
















