Бруталното насилство врз шестооделенката од скопската општина Ѓорче Петров е во фокусот на јавноста и на социјалните мрежи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шестооделенка од Ѓорче Петров брутално малтретирана од три девојчиња, ја гореле и со цигари
Девојчето во два наврати брутално била малтретирана, понижувана и тепана од три повозрасни девојчиња на јавни места, а многу други деца наместо да го спречат насилството, се смееле и снимале.
Дел од видеата завршиле и на социјалните мрежи, што дополнително придонело за траумите на девојчето, кое сега прима стручна помош.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Страшниот инцидент се случил на 30. март, а истиот е пријавен во полицијата и социјалните служби, а постапило и училиштето каде што учело девојчето.
Ова е само еден од бројните случаи на малолетничко насилство изминатиов период. Многу често насилството се случува и помеѓу девојчиња.
Еве дел од реакциите на Фејсбук:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ало, имаме сериозен проблем со насилството помеѓу малолетниците!
Фото: Унсплеш














