Шестооделенка од Ѓорче Петров брутално малтретирана од три девојчиња, ја гореле и со цигари

Весникот Вечер пишува за ново врсничко насилство помеѓу малолетнички.

Овојпат жртва била ученичка во шесто одделение во скопско Ѓорче Петров, која брутално ја малтретирале три повозрасни девојчиња.

Девојчето сега добива стручна помош.

Инцидентот се случил среде бел ден, во паркот во близина на старото вовче, на само неколку метри од полициската станица.

Тоа таму било донесено насила, по што било физички било нападнато, горено со цигари, понижувано, и присилувано да јаде измет од куче.

Дел од ужасниот чин бил снимен со мобилен телефон.

Случајот е пријавен во полиција, а девојчето двапати било нападнато од истите девојчиња.

Изминатиов период полицискиот билтен е полн со насилство помеѓу малолетници, а многу често насилството е и помеѓу девојчиња.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ало, имаме сериозен проблем со насилството помеѓу малолетниците!

Ново насилство помеѓу малолетнички: 15-годишна девојка во Скопје физички нападната од три малолетнички

(Вознемирувачко видео) Малолетничка од Штип неколку пати тепана од врснички, насилството го снимале други деца

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести