Насилничките направиле “селфи“ со шестооделенката додека таа крварела од устата и носот: Нови вознемирувачки детали за малолетничкото насилство во Ѓорче Петров

Јавноста е згрозена од новиот инцидент со малолетничко насилство во скопската општина Ѓорче Петров.

Како што е познато три повозрасни девојчиња во два наврати брутално малтретирале шестооделенка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шестооделенка од Ѓорче Петров брутално малтретирана од три девојчиња, ја гореле и со цигари

Меѓу друго ја гореле со цигари и ја терале да јаде измет од куче, а девојчето моментално прима стручна помош.

Случајот е пријавен во полиција и во социјалните служби, а за истиот постапувало и училиштето.

Се случил на 30. март, а малтретирањето е снимано и во двата наврати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Сите сме одговорни, да не вртиме глава„: Бура од реакции за насилството врз шестооделенката од Ѓорче Петров

Порталот Скопје 1 објави дека девојчето првиот пат било малтретирано на клупа. Додека група девојчиња ја кубеле за коса, група од машки деца се исмејувале од страна – се гледало на снимка која ја добил порталот.

Потоа девојчето било турнато од клупата, а останатите се смееле.

На друга снимка се гледало дека додека девојчето е на земја, една од насилничките ја клоца по нога, додека друга ја удира по лице.

Страшниот настан го гледаат најмалку дестина деца, а го снимале најмалку две. Оваа снимка била објавена и на социјалните мрежи.

На третата снимка се гледало како друга насилничка и удира силен бокс на девојчето, додека другите гледаат.

Порталот дошол и до фотографија на која се гледа како две од насилничките прават „селфи“ со девојчето, додека таа крвари од устата и носот. Истата е објавена и на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ало, имаме сериозен проблем со насилството помеѓу малолетниците!

Ново насилство помеѓу малолетнички: 15-годишна девојка во Скопје физички нападната од три малолетнички

(Вознемирувачко видео) Малолетничка од Штип неколку пати тепана од врснички, насилството го снимале други деца

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести