НЛБ Банка ги објави платите на Управниот одбор

Во годишниот извештај за работењето за минатата година, објавен преку Македонската берза, НЛБ Банка АД Скопје, меѓу друго ги објави и годишните платите и другите надоместоци на членовите на Управниот одбор (УО).

Мора да се напомене дека ваков тип на информација објавуваат многу малку друштва кои котираат на Берзата, но и генерално во Македонија. Објавувањето на овој податок покажува колку сериозно Банката ја сфаќа транспаретноста.

Тони Стојановски, претседател на УО имал бруто-плата од 11,3 милиони денари, осигурување од 24 илјади денари, варијабилен дел од плата во бруто-износ од 1,9 милиони денари и други права во износ од 1,2 милиони денари.

Катерина Јанковиќ, член на УО имала бруто-плата од 8 милиони денари, осигурување од 24 илјади денари, варијабилен дел од плата во бруто-износ од 2 милиони денари и други права во износ од 1,3 милиони денари.

Петер Зелен, член на УО имал бруто-плата од 9,1 милиони денари, варијабилен дел од плата во бруто-износ од 4 милиони денари и други права во износ од 4,2 милиони денари.

Игор Давчевски, член на УО имал бруто-плата од 9,1 милиони денари, варијабилен дел од плата во бруто-износ од 3,8 милиони денари и други права во износ од 7,9 милиони денари.

Бојан Стојаноски, член на УО од 15.12.2025 година имал бруто-плата од 428 илјади денари, осигурување во износ од 28 илјади денари и други права во износ од 30 илјади денари.

-Фиксниот дел од надоместокот зависи од описот на работното место, претходно утврдени критериуми и не зависи од успешноста на работењето.

Во фиксни надоместоци се вклучени следниве исплати: бруто-плати, надоместоци и додатоци на плата, сите задолжителни надомести на трошоци за живот согласно со Законот за работни односи, колективни договори и индивидуални договори помеѓу Банката и вработениот, како и надоместоци што ги добива поединечното лице чиишто услови за исплата и за определување на нивната висина зависат од претходно утврдени критериуми (надоместок за одвоен живот, надоместок за работа во странство, регрес за годишен одмор, јубилејна награда, отпремнина, новогодишен надоместок, надоместок за учество на седница на членовите во Надзорниот одбор и Одборот за ревизија).

Во варијабилни надоместоци се вклучени сите исплати кои не се сметаат за фиксен дел од надоместокот (исплатен варијабилен дел од плата, одложен варијабилен дел од плата, осигурување на менаџери, исплата кон трет доброволен пензиски фонд, исплата на одредени трошоци согласно со менаџерски договор и останати надоместоци), стои во извештајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НЛБ Банка ќе дели дивиденда од 2.571 денари

Силен прв кварталза НЛБ Банка: Одржлив раст, дигитална трансформација и унапредување на корисничкото искуство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести