Пред престојната туристичка сезона електронскиот систем за казнување на сообраќајни прекршоци Безбеден град ќе почне да функционира и во Охрид и Струга.
Како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид, моментално се поставуваат 40 камери.
Камери веќе се поставени на кружните текови на двата влеза и во центарот на Охрид, а од претходно и на патот Охрид-Кичево, во близина на селата Горенци и Требеништа, и кај Ботун и Ново Село во Општина Дебрца.
Моментално системот е во фаза на тестирање.
Системот веќе функционира и казнува во Скопје, Куманово и Тетово, како и на Коридорите 8 и 10.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Треба ли потврдите од платените казни од „Безбеден град“ да се носат во полициска станица?
„Сејф сити“ и во Струмица до крајот на годинава
Во Велес се инсталираат камери на „Безбеден град“
Фото: Игор Бансколиев













