Кој е Перпарим Бајрами, поранешниот директор на Лотарија, кој од бегство, седна на обвинителна клупа

Вчера Перпарим Бајрами, поранешниот генерален директор на Државна лотарија, за првпат седна на обвинителната клупа за случајот со злоупотреба во државната компанија со која е направена штета од 9,7 милиони евра.

И тој како и другите обвинети се изјасни за невин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами вели дека е невин

Како што е познато тој повеќе од една година беше во бегство, а откако се предаде е во притвор во Затворот Скопје. Се бараше и со меѓународна потерница.

Кој е Бајрами

Роден е 10. февруари 1993 година во Куманово, а живее во селото Ваксинце.

Студирал деловна информатика, а пред да стане државен функционер работел во маркетинг секторот на изработка на летоци, брошури и следење на медиуми.

Професионална и политичка кариера

Во 2018 година бил политички советник во македонското Собрание.

Потоа работел во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, во времето кога со него раководеше тогашниот прв вицепремиер Артан Груби, обвинет во истиот случај.

Во 2020 година бил именуван за член и заменик-претседател на Управниот одбор (заменик генерален директор) на Државна лотарија.

Од јануари 2022 до август 2024 година беше генерален директор на Државната лотарија.

За него се водат уште четири постапки за други предмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Перпарим Бајрами, кој се предаде, се водат уште четири постапки

Каков имот пријавил Перпарим Бајрами, кој се предаде и заврши во притвор

Фото: Унсплеш/МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести