И поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами вели дека е невин

И поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, кој до пред неколку денови беше во бегство повеќе од една година, на денешното рочиште за злоупотребите во државната фирма, се изјасни за невин.

Тој е првообвинет во случајот во кој обвинетите се товарат за злоупотреби и проневера на околу 9,7 милиони евра од Државна лотарија.

Сите обвинети во случајот, меѓу кои е и Артан Груби, поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, кој е во куќен притвор, се изјаснија за невини.

Бајрами пак е во затворски притвор во Затворот Скопје.

На денешното рочиште за невин се изјасни и Башким Авди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Перпарим Бајрами, кој се предаде, се водат уште четири постапки

Каков имот пријавил Перпарим Бајрами, кој се предаде и заврши во притвор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести