Во Велес се инсталираат камери на електронскиот систем за казнување, „Безбеден град“, а истите во функција треба да бидат ставени до крајот на јули, информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес, за кога од претходно имаше најави дека системот ќе почне да се користи низ целата земја.
Истите се поставуваат на главните сообраќајници и крстосници, каде има најголема френкфенција на возила и пешаци, и најмногу сообраќајни прекршоци, а ќе бидат покриени и „црните точки“ каде се случуваат најмногу сообраќајки.
Системот од 1. февруари функционира и казнува во Скопје, Куманово и Тетово, и на Коридорите 8 и 10.
Фото: МВР














