Започнувањето со физичка активност не мора да подразбира големи промени одеднаш, советуваат од Институтот за јавно здравје.
Важно е да се започне постепено, со реални цели и со активности што одговараат на личните можности, интереси и секојдневни обврски.
Изберете активности во кои уживате, започнете со мали чекори и постепено зголемувајте го времето и интензитетот.
Следењето на напредокот и прилагодувањето на активностите на сопствениот распоред може да помогнат физичката активност полесно да стане редовен дел од секојдневниот живот.
Не постои само еден начин да се биде физички активен. Најважно е да се пронајде начин на движење што одговара на сопствените можности и потреби и да се одржува континуитет.
Започнете постепено, движете се редовно и пронајдете го начинот на физичка активност што ви одговара.













