Денеска низ цела Македонија започна националната еко-акција Генералка викенд 2026.
Во Скопје на истата се приклучија и македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и неговата заменичка Ане Лашкоска, сопругата на премиерот Рози Мицкоска, амбасадорот на Австрија, Мартин Памер…






Акцијата ќе трае и утре и во недела, па имате можност да се вклучите и Вие, а се организира од Мен енд Маунтен.
Во истата годинава учествуваат десетици илјади волонтери, над 600 организации, 250 државни институции, училишта и приватни компании, што ја прави оваа иницијатива најголемата волонтерска еколошка акција во земјава и најмасовна на Балканот.
Фото: Град Скопје/Промо














