Македонија има резерви од керозин за 90 дена

Македонија има резерви од керозин, кој се користи како гориво за авионските мотори, за 90 дена.

Информацијата ја соопшти министерот за транспорт Александар Николоски за поткастот „Ноќно студио“ на 4TV.mk.

Законската обврска, пак што објасни, е државата да има резерви за 60 дена.

Тој тврди дека ситацијата со количините на керозин е стабилна и дека не очекува никакви проблеми.

Вели дека со керозин од Македонија, освен двата аеродроми во земјава, се снабдува и тој во Приштина, Косово, и делумно аеродромот во Ниш, Србија.

-Немаме никаков проблем, дури имаме зголемено ниво на трошење на керозин. Одредени авиокомпании ги пуштаат авионите буквално полупразни за да можат да наточат кога ќе слетаат во Скопје, па да продолжат, вели тој.

Моментално поради војната на Блискиот Исток, бројни европски авиокомпании се соочуваат со недостиг на керозин. Агенцијата за безбедност на воздухопловството на Европската унија како алтернатива најави можност за увоз на гориво за авионите од САД.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести