(Фото) Уметничката колекција на ЕВН од Австрија одбележува 30-годишен јубилеј со автентична изложба во Скопје

По повод одбележувањето на јубилејот-30 години на евн колекција, свечено беше отворена автентична изложба „Тапети“ која обединува дела од богатите збирки на колекцијата на ЕВН Австрија и Музеј на современата уметност – Скопје.

Изложбата, со 70 избрани дела од угледни меѓународни и реномирани македонски уметници го отсликува долгогодишното партнерство помеѓу Македонија и Австрија. Поставката ќе биде достапна на македонската јавност до 15. јули.

Евн колекцијата е значајна корпоративна уметничка збирка со фокус на меѓународна современа уметност. Постои од 1995 и создава дијалог меѓу различни уметнички изрази и перспективи и ја отсликува посветеноста на ЕВН Групацијата кон поддршка на културата и креативноста.

На свеченото отворање, покрај менаџментот на ЕВН Македонија, присуствуаше и претседателот на Управниот одбор на ЕВН Австрија, Штефан Шишковиц, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, амбасадорот на Република Австрија во Македонија, Мартин Памер, претставници на институции, културната јавност, деловни партнери и бројни гости, информираат од компанијата.

Во своето поздравно обраќање, претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Волфганг Маиер, истакна дека изложбата симболично поврзува два значајни јубилеи – 30 години од евн колекцијата и 20 години присуство на ЕВН на македонскиот пазар.

„На прв поглед, енергијата и уметноста припаѓаат на различни светови. Едната го движи секојдневниот живот, додека другата инспирира идеи и емоции. Но и двете имаат моќ да ги поврзуваат луѓето и да создаваат трајни вредности. Горди сме што дел од евн колекцијата, успеавме да ѝ го доближуваме на македонската јавност и придонесуваме кон културната размена меѓу двете пријателски земји“,  истакна тој.

Љутков, упати посебна благодарност до сите институции и поединци кои придонесоа за реализацијата на овој значаен културен проект и истакна дека оваа изложба е многу повеќе од претставување на уметнички дела – таа е симбол на долгогодишното пријателство, соработка и заеднички вредности што ги поврзуваат Македонија и Австрија.

ЕВН Македонија, како општествено одговорна компанија, ја препознава културата како важен столб на општествениот развој и моќна алатка за зацврстување на врските меѓу луѓето и народите. Преку својата долгорочна поддршка на културните иницијативи, компанијата останува посветена на создавање вредност не само во енергетскиот сектор, туку и во заедниците во кои делува, посочуваат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести