(Видео) Тамара Тодевска ја отвора новата ера со „Драма квин“, прв сингл од визуелниот албум „Кукла жива“

Тамара Тодевска е повторно во фокусот на македонската музичка сцена, овојпат со новиот сингл „Драма квин”, со кој официјално ја отвора вратата кон нејзиниот нов студиски албум „Кукла жива”.

Песната е потпишана од Коста Петров и самата Тодевска, а аранжманот го потпишува Емин Џијан во соработка со ансамбл од над 50 музичари и хор – звук кој јасно зборува за амбицијата и размерот на проектот.

Спотот е снимен во студиото „Takat”, а е во режија на Мартин Трајановски со кој Тодевска има работено на повеќе нејзини проекти низ годините.

„Кукла жива” е албум со 10 нови песни, снимени во целост со живи инструменти, а проектот носи и уште едно историско обележје – тоа е првиот визуелен албум создаден во Македонија.

„Ова е само мал дел од она што следува – албум на кој работат некои од најдобрите музичари во Македонија, комплетно сниман со живи инструменти и песни кои се инспирирани од различни периоди на мојот живот. „Драма квин“ е брза и динамична песна, а навистина уживавме во текот на снимањето на визуелниот дел…

На спотот работев со луѓе со кои сум работела и претходно, дел од нив се мои повеќегодишни соработници, но и пријатели, па затоа лесно се разбиравме во креативниот дел и во она што сакаме да го постигнеме како финален производ, не само за оваа песна туку и за останатите,“ вели Тодевска

Инаку, Тамара Тодевска и нејзиниот тим веќе се подготвуваат и за големиот солистички концерт и концертна промоција на албумот „Кукла жива“, која ќе се случи на 3. октомври (сабота) во арената „Борис Трајковски“.

Картите се пуштени во продажба и можат да се набават на следниот линк.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести