На судењето за пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани, денеска од страна на Основното јавно обвинителство беа презентирани нови докази, документи и инспекциски извештаи.
Во доказниот сет меѓу друго беа презентирани документи кои се однесуваат на правниот статус на “Пулс“, геодетски елаборати, барање за легализација од 2011 година за делот што се третирал како бесправно изграден, записник од извршен надзор од инспектори на Општина Кочани, во кој се констатирани неправилности, договор за закуп, дополнителни барања за легализација, записник за одземени предмети и документација од т.н. дискотека по пожарот, како и фотографии од внатрешноста на „Пулс“ по реновирањето.
Беше презентирано и барање од Општина Кочани од 2012 година за неиздавање лиценца за работа, а меѓу одземените предмети по пожарот има и лични документи, лаптоп-компјутери, каса со пари, 140 билети за влез…
Фото: Игор Бансколиев













