По 30 дена притвор за Стефан Богоев и другите осомничени за злоупотреба при јавна набавка и за поткуп

Поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, кој е и поранешен потпретседател на СДСМ, како и поранешен градоначалник на Општина Карпош, од Кривичниот суд Скопје доби 30 дена притвор на барање на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) за случајот за злоупотреба при јавна набавка за чистење на граничните премини на Царината и за поткуп од 1.800 евра.

По 30 дена притвор добија и другите тројца осомничени – Д. Г., А. С. и С.М., помошник-директор на Царината, управител на правен субјект и вработен во истата фирма.

Тие се осомничени дека ги сториле кривични дела – злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, примање награда за противзаконито влијание и давање награда за противзаконито влијание.

Ваква мерка како што објаснуваат од Судот добиле поради постоење опасност од бегство и поради опасност од влијание врз сведоците.

Тие имаат право на жалба против одлуката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За што е осомничен Стефан Богоев: Детали од Обвинителство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести