Sport Vision, присутен и во Македонија, презема полски малопродажен ланец за спортска опрема

БДС Ко. ДОО од Србија ќе стекне контрола над Маркетинг Инвестмент Груп С.А. од Полска, информираа од Комисијата за заштита на конкуренцијата.

БДС Ко. е дел од групацијата на друштва Спорт Вижн, трговец на големо и мало на спортски обувки, облека и опрема низ Југоисточна Европа, која работи и во Македонија.

Групацијата Спорт Вижн е присутна во Македонија преку друштво за трговија и услуги БДС.МК ДООЕЛ Скопје, со приоритетна дејност – трговија на мало со обувки и предмети од кожа во специјализирани продавници.

Групацијата Спорт Вижн вработува повеќе од 6.500 луѓе и работи во 13 земји: Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Грција, Унгарија, Црна Гора, Македонија, Романија, Србија, Словачка и Словенија.

Маркетинг Инвестмент Груп С.А. пак е прусутна во осум земји: Маркетинг Инвестмент Груп Бугарија ЕООД, Бугарија, Маркетинг Инвестмент Груп ЦР д.о.о. за трговија, Хрватска, Маркетинг Инвестмент Груп Чешка с.р.о., Чешка, Маркетинг Инвестмент Груп Унгарија друштво со ограничена одговорност, Унгарија, МИГ Маркетинг Инвестмент Груп РО СРЛ, Романија, Маркетинг Инвестмент Груп СР д.о.о. Белград, Србија, Маркетинг Инвестмент Груп Словачка с.р.о., Словачка и Маркетинг Инвестмент Груп СЛ, д.о.о., Словенија.

Овие друштва се активни во малопродажбата на спортска стока, вклучувајќи спортски обувки, спортска облека и спортска опрема, и управуваат со физички продавници и онлајн канали (само во одредени јурисдикции) низ Централна и Источна Европа.

Тие немаат зависни друштва, филијали или претставништва во Македонија, ниту пак остваруваат промет во Македонија.

Фото: Фејсбук/Sport Vision

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести