Бројот на работници во индустријата намален за 2.3%

Бројот на работници во индустријата во април годинава е намален за 2.3%, споредено со истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во април 2026 година, во однос на април 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6.8%, во секторот Преработувачка индустрија за 2.2%, а се зголемил во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во април 2026 година, во однос на април 2025 година, се намалил во групите Енергија за 1.6%, Капитални производи за 2.3%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.1 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 2.8%, а се зголемил во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 0.6%.

Бројот на работниците во периодот јануари – април 2026 во однос на периодот јануари – април 2025 година се намалил за 3%.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести