Акцијата на Комерцијална банка АД Скопје останува најтргувана акција на Македонската берза и во мај.
Како што покажува билтенот на Берзата за тој период со неа е направен промет од над 131 милиони денари.
Втора е акцијата на Македонски Телеком АД Скопје, со која е направен промет од 42,9 милиони денари, а трета акцијата на Алкалоид АД Скопје, со промет од над 30 милиони денари.

Во првите пет најтргувани се и акциите на НЛБ Банка АД Скопје и Макпетрол АД Скопје.
Фото: Унсплеш













