Иван Ивановски со бесплатен вебинар за SpaceX ИПО, еден од најследените финансиски настани во светот

PrimeClass.mk организира бесплатен едукативен вебинар за една од најследените компании во глобалната технологија и капиталните пазари.

Иван Ивановски, ко-основач на Прајм Капитал, и основач на PrimeClass.mk долгогодишен инвеститор на меѓународните пазари на капитал, ќе одржи бесплатен вебинар посветен на официјалното излегување на SpaceX на берза, тема која сè повеќе го привлекува вниманието на глобалната инвеститорска јавност.

Вебинарот е дел од пошироката мисија на PrimeClass да ја приближи финансиската едукација до македонската публика преку реални пазарни примери, структурирана анализа и практично објаснување на теми кои вообичаено се достапни само во професионалните инвестициски кругови.

Интересот за SpaceX не е случаен. Компанијата одамна ја надмина перцепцијата на класична вселенска компанија. Денес, SpaceX се поврзува со сателитски интернет, комерцијални лансирања, вселенска инфраструктура, големи технолошки проекти и потенцијални нови извори на приходи кои можат значајно да влијаат врз начинот на кој инвеститорите ја анализираат нејзината вредност.

SpaceX како компанија  беше опфатена во дел од презентацијата на годишната конференција на PrimeClass во Скопје, одржана на 24. јануари 2026 година, каде Иван Ивановски зборуваше за компании и сектори кои можат да имаат значајна улога во следниот инвестициски циклус. Неколку месеци подоцна, SpaceX повторно се наоѓа во фокусот на пазарите, овој пат во контекст на очекувањата околу официјалното ИПО.

Дополнителна тежина на темата ѝ даваат и последните пазарни информации поврзани со големи договори за AI compute инфраструктура со глобални технолошки компании. Тие отвораат важна инвестициска дилема: дали SpaceX треба да се анализира само како aerospace компанија, или како поширок технолошко-инфраструктурен бизнис со повеќе сегменти на раст.

На вебинарот ќе се обработи логиката зад анализа на големо ИПО: како се гледа бизнис-моделот, кои фактори можат да влијаат врз вреднувањето, што значи пазарно очекување, кои ризици треба да се земат во предвид и како инвеститорите треба да пристапат кон компанија со силен бренд, големо медиумско внимание и комплексна структура на приходи.

Целта не е да се даде едноставен одговор дали една компанија е „добра“ или „лоша“ инвестиција, туку да се покаже како се размислува аналитички пред голем пазарен настан. Токму затоа вебинарот е поставен како едукативна анализа, со фокус на разбирање на процесот, а не на површни прогнози.

Вебинарот е наменет за студентите на PrimeClass, а дополнително ќе биде отворен и за првите 100 пријавени учесници кои сакаат да добијат појасна и поструктурирана перспектива за еден од најследените финансиски настани во светот.

Вебинарот ќе се одржи во четврток (11. јуни), со почеток во 20 часот, онлајн. Учеството е бесплатно за студентите на Prime Class и за првите 100 пријавени учесници.

Пријавување за вебинарот: primeclass.mk.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести