Успесите се најслатки кога се споделуваат. Токму затоа Моја Кравица изминатиот викенд беше дел од Државниот натпревар по природни науки во Скопје и ПОГОН 2026 во Битола – два настани кои ги обединија младите таленти, нивната љубопитност, знаење и желба за напредок.
Во текот на натпреварите, учесниците имаа можност да уживаат во новите производи Моја Кравица чоколадно млеко во чаша и Моја Кравица чоколадно млеко Chill во чаша. Во динамичните денови исполнети со предизвици, задачи и натпреварувачки дух, чоколадното млеко беше вкусен сојузник за одржување на концентрацијата и енергијата, но и причина за кратка пауза, дружење и уживање.
На Државниот натпревар по природни науки во Скопје учествуваа повеќе од 900 ученици од целата држава, додека ПОГОН 2026 во Битола ги обедини младите љубители на математиката, науката, технологијата и инженерството. Двата настани уште еднаш ја потврдија важноста од вложувањето во младите генерации и поттикнувањето на нивниот потенцијал.
Како бренд кој со години е присутен во секојдневието на генерации потрошувачи, Моја Кравица со задоволство ги поддржа овие настани и беше дел од атмосферата исполнета со знаење, инспирација, возбуда и гордост.
Со препознатливиот богат вкус, новите Моја Кравица чоколадно млеко во чаша 230 ml и Моја Кравица чоколадно млеко Chill во чаша 230 ml доаѓаат во практично пакување создадено за сите кои имаат активен ден и сакаат вкусна пауза во движење – без разлика дали се на училиште, факултет, работа, спортски активности или дружење со пријателите.
За љубителите на класичното чоколадно уживање тука е Моја Кравица чоколадно млеко, со добро познатиот богат вкус што со години е омилен меѓу многу генерации. За оние кои сакаат да пробаат нешто поразлично, Моја Кравица чоколадно млеко Chill носи освежувачка комбинација од чоколадо и мента во уникатно вкусово искуство.
Од училниците и амфитеатрите, до натпреварите, работните обврски и секојдневните предизвици, Моја Кравица продолжува да биде дел од моментите кои бараат фокус, енергија и уживање во секој голтка.





ПР-објава













