Убава вест доаѓа од Данска. Угледниот македонски научник Петар Поповски, кој живее таму, стана член на престижната Кралска данска академија на науките и книжевноста.
Тој е долгогодишен професор на Универзитетот во Олборг, а информацијата за големото признание ја сподели самиот на социјалните мрежи.
Како што напиша тој меѓу друго, привелигиран е што ќе биде дел од Академија чиј некогашен претседател бил еден од неговите херои – Нилс Бор.
Тој е експерт за безжични комуникациски системи, а неговата сопруга, Искра Дуковска Поповска е вонреден професор на истиот Универзитет во Институтот за материјали и производство.
Поповски е од Охрид и е автор или коавтор на повеќе од 300 научни трудови, објавени во реномирани списанија, конференции и книги.
Има преку 30 патенти и патентни апликации.
Фото: Поповски/Фејсбук












