Јелена Јованова и Гораст Цветковски ќе бидат Лефти и Рајти во анимираниот филм “Лефти и Рајти си најдоа дом”

Харизматичата Јелена Јованова ќе се појави како блузичката Лефти во анимираниот краток филм “Лефти и Рајти си најдоа дом”. Таа во моментов има природна возбуда кон анимираниот филм за деца, бидејќи и самата е мајка на две дечиња со кои постојано читаат сликовници и гледаат интересни цртани филмови.

“Анимиран македонски филм за деца е реткост, а да се биде дел од такво дело е секогаш благородно и служи на многу генерации,” изјави Јелена.

„Како актер, во мојата досегашна кариера сум бил сѐ и сешто, но имам две работи кои посебно посакувам да ги изиграм. Едната е принц, а другата е панталони. И ете, 50% ќе ми се исполнат набрзо, “додава Гораст Цветковски, кој има дијапазон од ангажмани од театар, филм, видео игрици и сега е на ред анимиран детски филм.

Лефти и Рајти е во режија на Илија Тодоровски, во продукција на зАнимација продукција, а во копродукција на „Minya Film i Animacija“ од Хрватска.

Приказната и ликовите се според сликовниците Лефти и Рајти, на Наташа Дукоска, која е и сценарист. Поддржан е од Агенција за филм, и од Хрватскиот Аудиовизуелен Центар (HAVC).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Анимираниот филм „Лефти и Рајти” доби поддршка и од Хрватскиот аудиовизуелен центар (HAVC)

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести