Општина Центар ги обнови детските игралишта кај „Зебра” во Капиштец и кај КАМ маркет во Дебар Маало, при што дотраените и оштетени реквизити се заменети со нови за да се обезбедат побезбедни и поквалитетни услови за игра и рекреација на децата.
„На барање на жителите побаравме засилено присуство на МВР на терен, особено во вечерните часови, кога има појава на вандализам и оштетување на детските игралишта.
Во општината има околу 50 детски, спортски, маалски и училишни игралишта. Даваме сѐ од себе да ги одржуваме и унапредуваме, но за жал често се соочуваме со нивно оштетување, поради што повторно вложуваме средства за нивно санирање.
Апелирам до граѓаните заеднички да водиме грижа за јавното добро и да ги чуваме содржините што се наменети за сите”, порача градоначалникот Горан Герасимовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ(
Фото: Општина Центар














