Мјузикл со над 120 македонски уметници, актери и спортисти за 35 години од независноста на Македонија

Во рамки на прославата за обележување на 35 години од независноста на Македонија ќе биде организиран и музичко-сценски перформанс (мјузикл) со над 120 македонски уметници, актери и спортисти.

Истиот се планира да се одржува на отворено во околу 15 градови и ќе биде еден од најголемите сценски спектакли на отворено што се одржал во земјава.

Ќе биде поддржан со сериозна техника и технологија, а низ него ќе не води Игор Џамбазов.

Идејата е низ уметничка перспектива да биде прикажано се она што било важно во изминатите 35 години од независноста.

Во тимот се и Дејан Пројковски, кој е режисер и задолжен за реализацијата и продуцентот Пеце Талески од ОХО продукција.

Деталната програма, датумите и точните локации за 15. градови ќе бидат дополнително соопштени во следниот период.

Во рамки на програмата за обележување на независност засега се најавени и настапот на Дејвид Гета на стадионот „Тоше Проески“ и музичкиот спектакл на плоштадот Македонија во Скопје, со шпанскиот тенор Хозе Карерас и најпознатите македонски пејачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На 1. септември бесплатен концерт на шпанскиот тенор Хозе Карерас и македонски музички ѕвезди

Концертот на Дејвид Гета во Скопје распродаден за 12 часа

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести