На 1. септември бесплатен концерт на шпанскиот тенор Хозе Карерас и македонски музички ѕвезди

Во рамки на прославата на 35-годишнината од независноста на Македонија во Скопје на плоштадот „Македонија„ на 1. септември, ќе се одржи бесплатен концерт на кој ќе настапи шпанскиот тенор Хозе Карерас.

На истиот ќе настапат и македонските музички ѕвезди Каролина Гочева, Влатко Стефановски, Калиопи Букле, Наум Петрески, Сузана Спасовска и Игор и Ана Дурловски.

Концертот ќе биде поделен во два музички сегменти.

Во првиот дел, публиката ќе има можност да проследи специјално осмислен концерт со македонските музички ѕвезди и повеќе од 60 врвни музичари од Македонската филхармонија, под диригентската палка на Сашо Татарчевски, со нови оркестрации и аранжмани подготвени специјално за оваа вечер од маестро Николче Мицевски.

Вториот дел од вечерта му припаѓа на Карерас и неговиот безвременски светски репертоар, заедно со Македонската филхарминија, предводена од неговиот долгогодишен диригент, David Giménez.

А, во текот на вечерта ќе има и неколку специјални музички спојувања помеѓу овие два света.

Ова е втор настан во рамки на одбележувањето на независноста на државава.

На 8. септември на денот на независноста, на Националната арена „Тодор Проески“ ќе настапи David Guetta со неговото Monolith Stadium Show.

Организатори на настаните се Владата и Авалон продукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Концертот на Дејвид Гета во Скопје распродаден за 12 часа

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести