Летото е создадено за одмор, за нови доживувања и за незаборавни приказни. Без оглед дали ќе отпатувате покрај море, на планина или ќе уживате во мирот на домот, добрата книга е секогаш совршен сопатник. Токму затоа, и ова лето издавачката куќа „Арс Ламина” ги поканува сите љубители на читањето да го BOOKираат својот одмор со книга и да изберат од богатата понуда на омилени наслови по намалени цени.
Под мотото „BOOKирај одмор со книга”, „Арс Ламина” ја реализира летната продажна акција, која трае од 16 јуни до 15. јули 2026 година. Во рамките на акцијата, читателите можат да избираат повеќе од сто наслови со попусти до 60 %, опфаќајќи: романси, трилери, историска фикција, книги за личен развој и мотивација, како и книги за деца.
Летната акција е одлична можност да ја збогатите домашната библиотека, да откриете нови омилени автори и да си подарите инспиративно книжевно патување.
Од романсите ги издвојуваме: „Едно лето во Италија”, „Само ова лето”, „Тајната книга на Флора Лиа”, „Лека ноќ, Ајрин”, „Заеднички стан”, „Задоцнетиот живот на Ејми Бајлер”, „Три желби” и „Последната годишнина”. Љубителите на историската фикција можат да уживаат во: „Ќерките на лорд Вестерам”, „Градината на олеандрите”, „Брачниот портрет”, „Том Лејк”, „Улица во Париз на дождлив ден”, „Париската библиотека”, „Ќе се најдеме во Бомбај” и други.
За љубителите на неизвесноста и на напнатите приказни, на попуст се и трилерите: „Фурија”, „Полноќна гозба”, „На лов”, „Анонимна девојка”, „Златната двојка”, „Не си сама”, „Мојата прекрасна сопруга”, „За ваше добро”, „Рандеву”, „Девет совршени туѓинци” и други.
Во категоријата книги за мотивација и личен развој се издвојуваат: „Малата книга за Хиге”, „Малата книга за Лике”, „Уметноста на создавање спомени”, „ЗЕН – Уметноста на едноставното живеење”, „Како да правите ништо”, како и насловите од едицијата Shelf Help: „Твоите пет следни потези”, „100 начини како да го промените вашиот живот”, „Француска уметност на доброто живеење”, „Испливајте од хаосот на секојдневието”, „Изградете живот каков што сакате”, „Како да познавате некого вистински”, „Не верувајте во сè што мислите” и „Не знам кај ми е главата”.
Најмладите читатели ќе можат да избираат меѓу бројни сликовници и книги за деца, меѓу кои се насловите од едицијата: „Нови бајки од Македонија” – „Океанија”, „Детето на месечината”, „Луѓето и змејовите” и „Зелда и Фе и болниот змеј”, серијалот на Маја Мишевска со „Бумбарот Боби”, „Бувот Оли”, „Делфинот Дуле”, „Гасеницата Кики”, „Коњчето Искра”, „Мравката Тони” и „Слончето Кире”, како и сликовниците: „Жолти чорапи”, „Мачката Мара шубара”, „Мила Стела, доста лаеш!”, „Милиони мачки” и неколку наслови од омилениот серијал „Исидора Мун”.
Каталогот со сите наслови опфатени во акцијата „BOOKирај одмор со книга” е достапен на следниов линк: arslamina.com.
Акцијата важи во сите книжарници „Литература.мк” (Скопје и Струмица), како и во книжарниците: „Јованови Арт” (Штип), „Кокпит” (Битола), „Сив” (Охрид) и „Еуромаг” (Битола).
BOOKирајте го вашиот одмор со добра книга и дозволете ова лето да ве однесе на најубавите книжевни патувања.
ПР-објава














