Почина пејачот Владо Јаневски

По кратко боледување почина пејачот и текстописец Владо Јаневски, на 65 годишна возраст.

Колегите и неговите најблиски соработници ја споделија веста за неговото тивко заминување, кое никого не остави рамнодушен.

„Владо, ако нема некогаш и негде, ништо не си изгубил. Остануваме овде, ние, секој ден да глумиме лудило, дека е сѐ како што треба, а ништо не е и нема да биде без сите вас, кои вака тивко, а пребрзо си одите! Значи, Владо, некогаш и негде! Биди раат,“ напиша Бобан Милошески од Авалон.

Песните на Јаневски не се само обична музичка статистика, и затоа нема да ги редиме нивните наслови. Неговите текстови беа препеани тажни и среќни љубови, славење на љубовта и градскиот живот, и поезија која е сведоштво на нејзиното време.

Испеа бројни хитови, а секој нека си го избере неговиот личен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Веста за заминувањето на Владо Јаневски го обиколи регионот

Кој беше Владо Јаневски

(Видео) Владо Јаневски објави нова песна – „Принчипеса“

Фото: Фејсбук/Авалон

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести