На 65-годишна возраст синоќа почина еден од најдобрите и најпознатите македонски пејачи и композитори и текстописци на сите времиња, Владо Јаневски.
Замина тивко, по кратко боледување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој беше Јаневски
Роден е 27. ноември во 1960 година во Скопје.
Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје, на отсекот англиски јазик и литература.
Зборуваше англиски, германски, италијански и руски јазик.
Музичка кариера
Членувал во музичките групи Тост сендвич (1979 година), Бон Тон (1986 година), Фотомодел (1989 година), Ластовица (1992).
Свиреше на клавир, гитара и тапани.
Има учествувано на многу домашни и странски фестивали и е првиот официјален претставник на Македонија на Изборот за песна на Евровизија со песната „Не зори зоро“ во Бирмингем, Велика Британија, во 1998 година.
Има учествувано и на фестивалот Југовизија (Белград, 1992 година) и имал ревијални настапи на фестивалот Славјански базар (Белорусија, 1994, 1995, 1996 година), на фестивал во Кавен (Ирска, 1994 година), на фестивал во Памуккале (Турција, 1994, 1995, 1996 година), на фестивал во Каиро (Египет, 1998, 1999 година) и на многу други реномирани фестивали.
Имаше издадено шест студиски албуми, а ќе го паметиме по хитовите: „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше Скопје“, „Не зори зоро“, „Еден бакнеж“…
Во 1993 година го издаде првиот албум “Парче душа“, во 1996 година “Сѐ најдобро“, во 1996 година „Далеку е небото“, во 2002 година “Има нешто посилно од сѐ“, во 2004 година “Ваков или таков“ и во 2006 година “Повторно се заљубувам во тебе“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Веста за заминувањето на Владо Јаневски го обиколи регионот
(Видео) Владо Јаневски објави нова песна – „Принчипеса“
Фото: Фејсбук/Јаневски














