Центарот за управување со кризи најави дека наскоро граѓаните ќе можат да ја користат новата апликација „Where Are You“, која ќе овозможи побрза и попрецизна комуникација со службите за итни случаи преку системот 112.
Истата ќе им овозможи на граѓаните директно да ја испратат својата точна локација од местото на настанот, како и фотографии и видеоснимки, со што надлежните служби ќе добијат попрецизни информации за состојбата на терен.
Покрај тоа, ќе биде овозможена и директна видео-комуникација со Оперативниот центар во итни ситуации.
Новина е и функцијата „Silent Call“, која е наменета за жртвите на семејно насилство и за лицата што се наоѓаат во опасност. Со неа тие ќе можат тивко и безбедно да побараат помош, без да мора да зборуваат со оператор.
Фото: Unsplash














