Добар ден започнува со добар избор – Баланс+ Кефир

Кефирот одамна има свое место во секојдневната исхрана, благодарение на едноставниот состав и традиционалниот начин на подготовка.

Иако некогаш неговото подготвување било секојдневен ритуал во многу домови, денес брзото темпо на живот остава сè помалку време за тоа.

Сепак, желбата утрото да започне со квалитетен ферментиран млечен напиток останува иста, па затоа повторно станува сè попопуларен избор за почеток на денот.

Започнувањето на денот со кефир е едноставен начин уште со првиот оброк да внесете пробиотски и кефирни култури. Кога се консумира на празен стомак, живите пробиотски култури полесно стигнуваат до цревата, каде што придонесуваат за дигестивната рамнотежа. Воедно, утринската консумација овозможува кефирот лесно да стане дел од секојдневната рутина и од разновидната и балансирана исхрана.

Со комбинација од 5 млечни култури и кефирна култура, како и природно присутни пробиотски култури, Баланс+ Кефир придонесува за разновидноста на цревната микрофлора и поддржува дигестивна рамнотежа. Дополнително, содржи хранливи материи важни за здравјето на коските, што го прави вреден дел од разновидната и балансирана исхрана.Баланс+ Кефир лесно се вклопува во различни животни навики.

Може да се консумира самостојно, со свежо овошје, овесни снегулки или гранола, но и како состојка во различни рецепти, што го прави одличен избор за почеток на денот или за ужина во текот на денот.Баланс+ Кефир е достапен во практично пакување од 250 гр. и семејно пакување од 950 гр. овозможувајќи секој да го избере пакувањето што најдобро одговара на неговите потреби.

Без разлика дали е наменет за индивидуална консумација или за целото семејство, тој лесно станува дел од секојдневната рутина.Без разлика дали ќе го изберете за почеток на денот, како ужина или како дел од омилениот оброк, Баланс+ Кефир лесно станува дел од секојдневната грижа за здравјето.

ПР- објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести