Од Охрид стартуваше караванот „Силно светнал ден“ со што и официјално започна обележувањето на 35 години од независноста на Македонија.
На стадионот „Билјанини извори“ се одржа првиот концерт на кој настапија бројни македонски музичари и актери, а караванот ќе има настапи во 11 градови низ државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Караванот „Силно светнал ден” за 35 години независност вечерва започнува во Охрид
Но, наместо музичкиот настан и обележувањето на јубилејот, во фокусот по првиот концерт е македонското знаме кое се користи како дел од сценографијата.
Истото наместо со осум сончеви краци, беше преставено со 12.

Засега нема информација кој е задолжен за сценографијата, а на употребата на вакво знаме реагираа од опозициската СДСМ, потенцирајќи дека власта го “утнала“ знамето.
На оваа реагираа од ВМРО-ДПМНЕ, од каде меѓу друго рекоа дека станувало збор за “уметничка инсталација, каде знамето од повеќекрако сонце се претопува во македонското знаме со осум краци“.
Државното знаме на Македонија е усвоено на 5. октомври 1995 година откако политички се смени претходното.
Знамето е составено од црвена позадина на која има осум крако златно сонце кое е инспирирано од сонцето на грбот на Македонија и од старото македонско знаме.
Осумте сончеви краци се простираат од сончевиот диск со проширување до рабовите на знамето. Сончевите зраци се вкрстуваат по дијагонала, хоризонтала и вертикала.
Пречникот на сончевиот диск е една седмина од должината на знамето. Центарот на сонцето се поклопува со точката во која се сечат дијагоналите на знамето. Односот на ширината и должината на знамето е еден наспрема два.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ














