Oд утре до 30. август 2026 година во Охрид ќе се одржува четвртото издание на Ohrid Water Festival, кој вклучува голем број спортски настани на вода и богата социјално-едукативна програма.
Според најавите, охриѓани и гостите ќе имаат можност да проследат повеќе од 20 спортски настани меѓу кои Охридскиот пливачки маратон, Меѓународната едриличарска регата, Меѓународната кајак регата, Меѓународниот Ватерполо Турнир, Суп Јога на вода, Меѓународниот ОВФ Пливачки митинг, СУП маратон, Балканското Првенство во маратонско пливање.
Исто така ќе бидат организирани Суп Трки со даски за стоечко веслање, Подводна штафета за мир, Регата со традиционални охридски кајчиња, Акватлон, Натпревар во спортски риболов, Промоција на рекреативно нуркање за деца и други настани.
Забавниот дел на фестивалот ќе стартува на 26. август со коцерт на Ѓоко Танески.
На 27. август предвиден е концерт на учесниците од детскиот фестивал „Златно Славејче“, а на 28. август ќе настапи групата „Везилка“.
Во рамки на музичкиот дел од програмата на 30. август ќе се одржи концерт на групата „Нокаут“.
Концертите ќе се одржуваат на платото пред Хотел „Палас“.
Програмата на фестивалот ОВДЕ.
Промотивна објава














