Одобренијата за градба во јуни зголемени за 39%

Во јуни годинава се издадени 296 одобренија за градење, што е за 39% повеќе во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6.363.610 илјади денари, што е за 31% повеќе во однос на истиот месец лани. Најмногу одобренија – 70, се издадени во Полошкиот регион.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 200 (67.6%) се наменети за објекти од високоградба, 26 (8.8%) за објекти од нискоградба и 70 (23.6%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 296 објекти, на 218 (73.6%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 78 (26.4%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 754 станови со вкупна корисна површина од 64.266 м2.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести