Во текот на јули се пријавени 11 нови случаи на ХИВ/СИДА, информираат од Институтот за јавно здравје во билтенот за движење на акутните заболувања во Македонија.
Од нив девет се лица од машки пол, а две од женски.
Тие се на возраст од 20 до 49 години.
Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи (заклучно со 30.06.2026 година), кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Македонија, за периодот од 1987 до 2026 година, изнесува 765.
Од нив 141 се починати, 508 лица живеат со ХИВ/СИДА, а 116 лица се водат како изгубени за следење (иселени).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Осум лица починале: Годинава регистрирани 38 случаи на ХИВ/СИДА
Фото: Унсплеш














