(Фото) 17-годишниот Петар Цеков трет на Охридскиот пливачки маратон – победници се Алесио Окипинти и Мајте Ајлен Пука

На 39. Охридски пливачки маратон во Охрид, престижната меѓународна спортска манифестација, победничка во женска конкуренција и добитничка на ловоровиот венец е аргентинката Мајте Ален Пука, а првото место и ловоровиот венец во машка конкуренција ги освои Алесио Окипинти од Италија.

Трет на целта стигна 17-годишниот Македонец, Петар Цеков, во чии раце отиде бронзениот медал.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во својство на покровителка, им ги додели наградите на победниците.

-Им честитав на победниците и на сите учесници на маратонот, изразувајќи им признание за издржливоста, посветеноста и спортскиот дух и посакувајќи им добро здравје и нови спортски успеси, информираше Сиљановска Давкова.

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести